KOMPONENTA 3

 

 

3. Етички стандарди, одговорност и транспарентност

            3.1. Донесен етички кодекс на ГПМ
            3.1.1. Изготвување Етички кодекс на ГПМ (расправа, форму­ла­ци­ја, публикување)
            Oваа активност ќе започне со компаративна анализа на достапните искуства (етички кодекси за граѓанскиот сектор од регионот и примери на кодекси за оваа и други намени од Македонија). Работната група, врз основа на оваа анализа ќе подготви нацрт Етички кодекс на граѓанските организации во РМ. Овој документ ќе биде основа за расправа на ниво на членките на ГПМ.
            Последователно ќе се организираат неколку расправи за дискусија на нацртот на членките на ГПМ, но ќе бидат поканети и другите граѓански организации. Собраните разултати од расправите ќе се вметнат во текстот на Етичкиот кодекс. Предлог Етичкиот кодекс ќе се разгледува на седница на Советот на ГПМ.  
            Последователно ќе се разгледа и прашањето за воспоставу­ва­ње механизам за примена на кодексот (1 можност: само со потпишување изјава, 2 можност: со етички комитет и 3 можност: со тело за оценка за проверка дали организациите ги применуваат стандардите).
            Работното тело ќе треба да предложи механизам за спроведување на кодексот.
            По усвојувањето на Етичкиот кодекс, ќе се остави временски период за прилагодување кон стандардите, по кој ќе се започне со механизмот за примена на кодексот.
Усвоената верзија од страна на членките на ГПМ ќе биде промовирана во просторот на граѓанското општество и ќе биде отворена за прифаќање од страна на другите организации.

          3.2. Изградени капацитети за транспарентност, отчетност и одговорност
            3.2.1. Истражување за транспарентност, одговорност и демо­кра­тичност на струк­ту­ри­те за одлучување во ГО
            Со оваа активност се предвидува изработка на компаративна анализа за состојбите со транспарентноста, одговорноста и демо­кра­тичноста на ГО, врз основа на досегашни истра­жувања и извештаи. За потребите на истражувањето ќе се дефинира прашалник и ќе бидат организирани фокус групи (кои ќе вклучат посреднички организации, експерти, меѓународни организации и сл.) на кои ќе се разговара за транспарентноста, одговорноста и демо­кра­тичноста на ГО.
            Извештајот од истражувањето ќе се отпечати во 500 примероци и ќе се презентира на трибина за јавноста и претставниците на ГО.


       

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ