Опис на надлежости на работните групи эа соработка

 

 

Вовед
Целта на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) е да создаде отворено место за размислување, демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзаување за делотворна акција на граѓанските организации што се посветени на градење граѓанско општество во Македонија.
ГПМ ги собира и меѓусебно ги поврзува граѓанските организации (и другите чинители на граѓанското општество во Македонија), но не претставува тело што ексклузивно ќе го претставува македонското граѓанско општество.
ГПМ како рамка за размена на искуства, го поттикнува меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските органзиации што се учесници, поттикнува поголем дијалог меѓу граѓанските органзиации и става посебно значење на размената на искуства помеѓу нив, и на нивната комуникација, координација и соработка. Исто така, како контекст за меѓусебни релации, настојува да ги зајакне и да изгради нови локации, национални и меѓународни врски помеѓу граѓанските организации и другите чинители на граѓанското општество.
Платформата која е воспоставена на 16 март 2004 година ја сочинуваат 31 организација.
Таа има свои постојани тела: Совет, Комитет и Секретаријат, како и Работни групи по теми и Работни групи за соработка.

Цел
Целта на работните групи е дефинирање на специфичните цели за соработка и развивање стратегија за работа со останатите актери во општеството (владата, медиумите, политичките партии, деловниот сектор и др.)

Членство
Секоја група ќе ја сочинуваат најмалку три организации, од кои една организација како претседавач и останатите, нејзина замена односно потпретседавачи.
Организациите треба да бидат членки на ГПМ, кои:
имаат позитивно искуство и воспоставено добра комуникација и соработка со содветните актери;
располагаат со соодветни финансиски и човечки ресурси потребни за спроведување на активноста;
Овие критериуми ќе бидат посебно битни при определување на организацијата- претседавач.

Делокруг на работа
Подрачје на активност на работната група се:
да развие стратегија за соработка
да предложи методи на работка (пр. трибини, тркалезни маси, неформални средби и др.)
да обезбеди минимум средства за спроведување на активностите
да обезбедат партиципативност во работата на групата
Одговорности
Организациски и логистички, работната група ќе биде поддржан од претседавачот во соработка со Секретаријатот на ГПМ. Претседавачот на работната група ќе биде одговорен за организирање на настаните, ќе ги испраќа поканите и ќе води записници доколку е неоходно, додека секретаријатот ќе собира, обработува и дистрибуира релевантни информации. Исто така, претседавачот ќе известува до структурите на ГПМ за активностите на работната група.

Членовите на работната група пожелно е:
редовно да учествуваат на настаните
да ги доставуваат потребните информации за кои ќе биде постигнат договор
да ги исполнуваат договорените обврски.
Механизам на работа
Работната група ќе одржува средби по потреба.

Предлог работни групи по теми:
Работна група за координација и соработка
Работна група за концепти и практики
Работна група за законска рамка
Работна група за етички стандарди, одговорност, транспарентност
Работна група за делотворност на граѓанските организации и имиџ
Работна група за мобилизирање на локални ресурси и волонтерство

Предлог работни групи за соработка:
Работна група за соработка со Влада, Собрание и јавна администрација
Работна група за соработка со единиците на локалната самоуправа
Работна група за соработка со судството
Работна група за соработка со медиуми
Работна група за соработка со бизнис сектор
Работна група за соработка со меѓународни организции и агенции
Работна група за соработка со политичките партии

 

 

 

 
 
 
  login
  kalendar
 
   
© Copyright 2007 ; Граѓанска платформа на Македонија сите права се эадржани od ГПМ